Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 11:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Така ги изгради: Витлеем, Етам, Текуј,

7. Вет-Сур, Сохот, Одолам,

8. Гат, Мариса, Зиф,

9. Адораим, Лахис, Азика,

10. Сараја, Ејалон и Хеврон, тврди градови во Јудиното и во Венијаминовото племе.

11. Откако ги утврди градовите, им постави заповедници и довлече храна, масла и вина за чување;

12. во секој одделен град стави штитови и копја, и ги утврди мошне силно. Така тој ги имаше Јудиното и Венијаминовото племе.

13. Свештениците и левитите, кои беа по сиот Израел, пристапија кон него од сите краишта.

14. Левитите ги оставија пасиштата и имотот та отидоа во Јудеја и во Ерусалим, зашто Јеровоам и неговите синови ги отфрлија за да не Му вршат свештеничка служба на Господа,

15. а постави свештеници за себе на високи места, за јарците и за телињата што ги направи.

16. По нив доаѓаа од сите израелски племиња во Ерусалим за да Му жртвуваат на Господа, на Бога на своите татковци, оние кои го бараа со срцето Господа, Израелевиот Бог.

17. Така го утврдија Јудејското Царство и го охрабрија Соломоновиот син Ровоам за три години, зашто три години одеа по патот на Давид и Соломон.

18. Ровоам си ги зеде за жени: Маелета, ќерката на Давидовиот син Еримот, и Авихаила, ќерката на Јесеевиот син Елијав,

19. која му ги роди синовите: Еус, Самариј и Зама.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 11