Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 11:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. А по неа се ожени со Авесаломовата ќерка Маха, која му ги роди: Авиј, Атај, Зива и Селомит.

21. Ровоам ја љубеше Авесаломовата ќерка Маха повеќе од сите свои жени и соложнички, иако зеде осумнаесет жени и шеесет соложници и ако му се родија дваесет и осум синови и шеесет ќерки.

22. И Ровоам го постави Махиниот син Авиј за главатар и за кнез над неговите браќа, зашто беше наумил да го постави за цар.

23. И, работејќи мудро, ги размести синовите по сите Јудејски и Венијаминови краишта, по сите тврди градови, давајќи им храна во изобилство и женејќи ги со многу жени.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 11