Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 11:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Откако ги утврди градовите, им постави заповедници и довлече храна, масла и вина за чување;

12. во секој одделен град стави штитови и копја, и ги утврди мошне силно. Така тој ги имаше Јудиното и Венијаминовото племе.

13. Свештениците и левитите, кои беа по сиот Израел, пристапија кон него од сите краишта.

14. Левитите ги оставија пасиштата и имотот та отидоа во Јудеја и во Ерусалим, зашто Јеровоам и неговите синови ги отфрлија за да не Му вршат свештеничка служба на Господа,

15. а постави свештеници за себе на високи места, за јарците и за телињата што ги направи.

16. По нив доаѓаа од сите израелски племиња во Ерусалим за да Му жртвуваат на Господа, на Бога на своите татковци, оние кои го бараа со срцето Господа, Израелевиот Бог.

17. Така го утврдија Јудејското Царство и го охрабрија Соломоновиот син Ровоам за три години, зашто три години одеа по патот на Давид и Соломон.

18. Ровоам си ги зеде за жени: Маелета, ќерката на Давидовиот син Еримот, и Авихаила, ќерката на Јесеевиот син Елијав,

19. која му ги роди синовите: Еус, Самариј и Зама.

20. А по неа се ожени со Авесаломовата ќерка Маха, која му ги роди: Авиј, Атај, Зива и Селомит.

21. Ровоам ја љубеше Авесаломовата ќерка Маха повеќе од сите свои жени и соложнички, иако зеде осумнаесет жени и шеесет соложници и ако му се родија дваесет и осум синови и шеесет ќерки.

22. И Ровоам го постави Махиниот син Авиј за главатар и за кнез над неговите браќа, зашто беше наумил да го постави за цар.

23. И, работејќи мудро, ги размести синовите по сите Јудејски и Венијаминови краишта, по сите тврди градови, давајќи им храна во изобилство и женејќи ги со многу жени.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 11