Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 8:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во внатрешното светилиште на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.

7. Имено, херувите имаа раширени крилја над местото каде што стоеше Ковчегот, и ги засолнуваа одозгора Ковчегот и неговите драгови.

8. Драговите беа толку долги така што краевите им се гледаа од Светилиштето спроти Светината над светините, но не се гледаа однадвор. Таму останаа до денес.

9. Во Ковчегот немаше ништо освен двете камени плочи што ги стави Мојсеј во Хорив, каде што Господ склучи Завет со Израелевите синови откако излегоа од Египет.

10. А кога свештениците излегоа од Светилиштето, облак го исполни Господовиот Дом,

11. и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!

12. Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека благоволи, да престојува во облак;

13. а јас Ти изградив Дом, место, за да престојуваш во него засекогаш!”

14. И откако се сврти, царот го благослови целиот израелски собор, а сиот израелски собир стоеше.

15. Тој рече: „Нека е благословен Господ, Израелевиот Бог, Кој со Својата рака го исполни ветувањето што со Својата уста му го даде на мојот татко Давид, велејќи:

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 8