Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 8:1-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите Израелеви старешини, сите племенски кнезови и семејните главатари, за да се пренесе Ковчегот на Господовиот Завет од градот, од Давидовиот Град, односно од Сион.

2. Сите Израелеви луѓе се собраа пред царот Соломон на празникот во месецот Етаним (односно седмиот месец).

3. И кога дојода Израелевите старешини, свештениците ги понесоа Ковчегот,

4. и Шаторот на средбата со сиот посветен прибор што беше во Шаторот. Ги пренесуваа свештениците и левитите.

5. Царот Соломон и сета Израелева заедница, која се собра околу него, жртвуваа пред Ковчегот толку овци и говеда да не можеа да бидат преброени ни проценети.

6. Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во внатрешното светилиште на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.

7. Имено, херувите имаа раширени крилја над местото каде што стоеше Ковчегот, и ги засолнуваа одозгора Ковчегот и неговите драгови.

8. Драговите беа толку долги така што краевите им се гледаа од Светилиштето спроти Светината над светините, но не се гледаа однадвор. Таму останаа до денес.

9. Во Ковчегот немаше ништо освен двете камени плочи што ги стави Мојсеј во Хорив, каде што Господ склучи Завет со Израелевите синови откако излегоа од Египет.

10. А кога свештениците излегоа од Светилиштето, облак го исполни Господовиот Дом,

11. и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!

12. Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека благоволи, да престојува во облак;

13. а јас Ти изградив Дом, место, за да престојуваш во него засекогаш!”

14. И откако се сврти, царот го благослови целиот израелски собор, а сиот израелски собир стоеше.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 8