Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 6:25-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. И другиот херувим беше десет лакти: еднаква мера и еднаков облик на обата херувима.

26. Височината на едниот херувим беше десет лакти, така и на вториот.

27. Ги смести херувимите сред внатрешната просторија; ги ширеа своите крила, така што крилото на едниот достигаше до едниот ѕид, а крилото на другиот достигаше до другиот ѕид; во средината на просторијата крилата им се допираа.

28. И херувимите ги обложи со злато.

29. По сите ѕидови на Храмот, внатре и однадвор, врежа ликови на херувими, со палми и со расцветани цветови,

30. со злато го покри и подот на Храмот одвнатре и однадвор.

31. А за влез во Светината над светините направи двокрилна врата од маслиново дрво; довратниците со праг беа на пет агли.

32. Двете крила на вратата од маслиново дрво ги украси со херувими, палми и со расцветани цветови, и сите ги обложи со злато; со златни листиња ги облепи херувимите и палмите.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 6