Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 6:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во четири стотини и осумдесеттата година од излегувањето на Израелците од Египетската Земја, во четвртата година на своето царување над Израел, во месецот Зиф - тоа е вториот месец - Соломон почна да го гради Господовиот Дом.

2. Храмот што Соломон Му го градеше на Господа беше долг шеесет лакти, широк дваесет, а висок триесет лакти.

3. Тремот пред Светилиштето на Храмот беше дваесет лакти долг, спрема храмовата широчина, а десет лакти широк, спрема должината на Храмот.

4. На Храмот направи прозорци, затворени со решетки.

5. Покрај ѕидот на Храмот околу Светината и Светината над светините, соѕида приградба на катови, сè наоколу.

6. Долниот кат беше пет лакти широк, а средниот шест, а третиот седум лакти, зашто засеците ги распореди од надворешната страна околу Храмот, за да не би требало да ги вградува во храмските ѕидови.

7. Храмот е граден од камен што веќе во каменоломот беше изделкан, така што при градењето не се чуја ни чекан ни длето, ни некакво железно орудие.

8. Влезот во долниот кат беше од десната страна на Храмот, а по завојни искачувалки се одеше до средниот кат, и од средниот на третиот.

9. Така го изгради Храмот и го доврши; и го покри со кедрови греди и даски.

10. И соѕида уште приградба околу целиот Храм; беше пет лакти висока, а врзана со Храмот со кедрови греди.

11. И Господовото слово му стигна на Соломона:

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 6