Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 5:5-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И така, имам намера да Му изградам Дом на името на Господа, својот Бог, како што Господ му рече на татка ми Давида: ‘Твојот син кого ќе го поставам место тебе на твојот престол, тој ќе му изгради Дом на Моето име.’

6. Затоа сега заповеди да ми насечат кедри на Ливан; моите слуги ќе бидат со твоите слуги, и јас ќе им ја платам надницата на твоите слуги според сè како што ќе ми одредиш. Ти знаеш добро дека кај нас нема луѓе кои што умеат да сечат дрва како Сидонците.”

7. Кога Хирам ја прими Соломоновата порака, многу се зарадува и рече: „Нека е благословен денес Господ, Кој му даде мудар син на Давида, кој управува со овој голем народ.”

8. И Хирам му јави на Соломона: „Ја примив твојата порака. Ќе ја исполнам во сè твојата желба за кедровите дрва и за чемпресовите дрва.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 5