Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 3:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Соломон одговори: „Многу наклонет беше кон Својот слуга Давид, мојот татко, зашто одеше пред Тебе во верност, справедливост и чесност на своето срце; и му ја запази таа голема милост и даде еден од неговите синови да седи на неговиот престол.

7. Сега, о Господи, ти го направи цар Својот слуга на местото на мојот татко Давид, а јас сум уште сосем млад, та уште не знам да владеам.

8. Твојот слуга е сред народот што си го избрал; народ броен што не може ни да се изброи ни да се опфати со попис.

9. Дај му на Својот слуга проницливо срце за да може да му суди на Твојот народ, да разликува добро од зло, зашто кој би можел да управува со Твојот народ кој е толку голем!”

10. На Господа Му беше мило дека Соломон молеше за тоа.

11. Затоа Господ му рече: „Зашто го бараше тоа, а не посака ни долг живот, ни богатство, ниту смрт за своите непријатели, туку проницливост во пресудувањето на правдата,

12. еве ќе направам според твоите зборови: ти давам мудро и разумно срце, какво што немал никој пред тебе ниту ќе го има некој по тебе,

13. но ти давам и што не бараше: богатство и слава каква што нема никој меѓу царевите.

14. И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.”

15. Соломон се разбуди, и ете: тоа беше сон. Тој се врати во Ерусалим и застанаа пред Ковчегот на Божјиот Завет; принесе паленици и помирителни приноси, и им приреди гозба на сите свои слуги.

16. Тогаш дојдоа кај царот две блудници и застанаа пред него.

17. И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.

18. А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.

19. Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 3