Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 3:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Тогаш дојдоа кај царот две блудници и застанаа пред него.

17. И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.

18. А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.

19. Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 3