Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Соломон се спријатели со фараонот, египетскиот цар: се ожени со фараоновата ќерка, и ја доведе во Давидовиот Град додека не ја сврши градбата на својот дворец, на Господовиот Храм и на ѕидовите околу Ерусалим.

2. Народот пак принесуваше жртви на високи места, зашто уште не беше изграден до тоа време Храм на Господовото име.

3. А Соломон го љубеше Господа: се управуваше според наредбите на својот татко Давид, само принесуваше жртви и кадеше на високите места.

4. Царот отиде во Гаваон за да принесе жртва, зашто таму беше главниот жртвеник. Соломон принесе илјада паленици на жртвеникот.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 3