Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 22:48-53 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

48. Царот Јосафат изгради тарсиски бродови за да оди во Офир по злато, ама не отиде, зашто бродовите се разбија кај Есион Гавер.

49. Тогаш Охозиј, синот Ахавов, му рече на Јосафата: „Моите слуги нека тргнат со твоите слуги на бродовите.” Ама Јосафат не го прифати тоа.

50. Јосафат почина со своите татковци, и беше погребан во градот на Давида, својот прататко. На негово место се зацари неговиот син Јорам.

51. Охозиј, синот Ахавов, стана цар на Израел во Самарија, во седумнаесеттата година на Јосафатовото царување во Јудеја, и царуваше две години над Израел.

52. Тој правеше што е зло во Господовите очи, и одеше по патот на својот татко и по патот на својата мајка, и по патот на Јеровоам, синот Наватов, кој го наведуваше Израел на грев.

53. Му служеше на Ваала и му се поклонуваше. Го разгневуваше Господа, Израелевиот Бог, сосем онака како што правеше неговиот татко.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 22