Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 20:38-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. Пророкот си отиде, се намести на патот на царот, а преку очите навлече покривало за да не го препознаат.

39. Кога поминуваше царот, тој извика: „Твојот слуга беше излезен во бој, кога од бојните редови истапи еден и ми доведе некој човек, велејќи: ‘Чувај го овој човек! Ако го снема, твојот живот ќе биде за неговиот живот, или ќе платиш сребрен талант.’

40. И додека твојот слуга работеше тука-таму, него го снема.” Тогаш царот на Израел му рече: „Еве ти ја пресудата! Сам си ја изрече!”

41. На тоа оној веднаш го отстрани покривалото од очите, и израелскиот цар виде дека тоа е еден од пророците.

42. А тој му рече на царот: „Господ вели вака: ‘Бидејќи остави да ти избега од рацете човекот, кого го удрив со проклетство, твојот живот ќе биде за неговиот живот, твојот народ за неговиот народ!’”

43. И израелскиот цар си отиде во својата куќа, темен и насрден, и влезе во Самарија.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 20