Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 20:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Му испрати во градот гласници на израелскиот цар Ахав

3. и му рече: „Вен-Адад вели вака: ‘Твоето сребро и твоето злато е мое, и твоите најдобри жени и деца се мои.’”

4. Израелскиот цар му одговори вака: „На твоја заповед, господару цару! Јас сум твој со сè што ми припаѓа.”

5. Ама гласниците се вратија и рекоа: „Вен-Адад вели вака и ти порачува: ‘Дај ми ги своето сребро и злато, своите жени и деца.

6. Биди уверен дека утре во ова време ќе ги испратам своите слуги, и тие ќе ги пребараат твојата куќа и куќите на твоите слуги, и ќе ја стават својата рака на сè што ќе им се допадне, и ќе го однесат тоа.’”

7. Израелскиот цар ги свика сите земни старешини и рече: „Промислете и погледајте! Овој ни готви зло! Ги бара од мене моите жени и деца, иако не му одбив моето сребро и злато.”

8. Старешините и сиот народ му одговорија: „Немој да послушаш! Немој да се согласиш!”

9. Тогаш тој им одговори вака на Вен-Ададовите пратеници: „Речете му на господарот царот: ‘Сè што бараше првпат од својот слуга, јас ќе направам, ама ова другото не можам.’” И посланиците отидоа и го однесоа одговорот.

10. Тогаш Вен-Адад порача: „Боговите нека ми направат зло и нека придадат уште толку, ако правот на Самарија биде доста за да добијат по еден грст оние што ме следат!”

11. Ама израелскиот цар му одговори: „Се вели: ‘Нека не се фали оној кој се препашува како оној што се распашува!’”

12. А кога Вен-Адад го чу тоа - токму пиеше со царевите под шаторот - им заповеда на своите слуги: „На своите места!” И тие ги зазедоа своите положаи против градот.

13. Тогаш еден пророк го побара Ахава, царот на Израел, и рече: „Господ вели вака: ‘Дали го виде она силно мноштво? Еве, Јас ќе ти го предадам денес во рацете, и ти ќе сознаеш дека Јас Сум Господ.’”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 20