Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 2:4-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. за да го исполни Господ Своето ветување што ми го даде: ‘Ако твоите синови ќе пазат на својот пат, одејќи верно пред Мене, со сето свое срце и со сета своја душа, секогаш еден од нив ќе седи на Израелевиот престол.’

5. И самиот знаеш што ми стори Јоав, синот Серуин, што им направи на двата Израелеви војсководачи: на Авенир синот Ниров, и на Амас, синот Етеров, кога ги уби и со тоа пролеа крв во мир како во војна, та го испрска со крв појасот околу својот крст и обувките на своите нозе.

6. Ти постапи според својата мудрост, и не оставај неговата седа коса да почине мирно во гробот.

7. А на синовите на Галадецот Варзелај врати им ја љубовта: нека бидат меѓу оние кои ќе јадат покрај твојот стол, зашто ми помогнаа кога бегав пред твојот брат Авесалом.

8. Пред себе го имаш Симеј, синот Гирин, Венијаминец од Ваурим, кој ме проколнуваше со ужасни клетви во оној ден кога бегав во Маханаим. Ама тој ми слезе во пресрет при Јордан, и му се заколнав на Господа: ‘Нема да го погубам со меч.’

9. Ама ти не му го проштавај тоа, зашто си мудар човек, и веќе ќе знаеш како треба да постапиш за да му ја испратиш седата коса со крв во гробот.”

10. И потоа почина Давид покрај своите татковци, и беше погребан во Давидовиот Град.

11. Давид царуваше над Израел четириесет години: во Хеврон царуваше седум години, во Ерусалим царуваше триесет и три години.

12. Соломон седна на престолот на Давида, својот татко, и неговата власт мошне се зацврсти.

13. Ама Адониј, синот Агитин, дојде кај Витсавеа, Соломоновата мајка, и падна ничкум пред неа. Таа го праша: „Дали е со мир твоето доаѓање?” Тој одговори: „Да, со мир е.”

14. И продолжи: „Имам нешто да ти речам.” Таа рече: „Зборувај.”

15. Тогаш тој рече: „И самата знаеш дека царството ми припаѓаше мене, и дека сиот Израел чекаше јас да бидам цар. Ама царството се измести од мене, и му припадна на мојот брат, зашто Господ му го наменил.

16. Сега јас те молам само едно: Немој да ме одбиеш.” Таа рече: „Зборувај.”

17. А тој продолжи: „Речи му те молам, на царот Соломон, да ми ја даде за жена Сунамката Ависага!”

18. А Витсавеа одговори: „Добро, ќе му зборувам на царот за тебе.”

19. И така кога Витсавеа влезе кај царот Соломон за да зборува за Адониј, царот стана и и тргна во пресрет, се поклони пред неа, потоа седна на својот престол, и заповеда те наместија столица за царицата мајка, и таа седна од неговата десна страна.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 2