Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 2:39-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Но по три години се случи да му избегаат на Симеј двајца слуги кај Ахис, синот Махин, гатскиот цар. И го известија Симеј: „Ене ти ги слугите во Гат.”

40. Тогаш Симеј стана, го насамари ослето и отиде во Гат, кај Ахис, за да ги бара своите слуги. И Симеј се врати и ги доведе своите слуги од Гат.

41. И му јавија на Соломона: „Симеј отиде од Ерусалим во Гат, и се врати.”

42. Царот го повика Симеја и му рече: „Не се заколнав ли во Господа и нели те опоменав строго: ‘Во оној ден кога ќе излезеш и ќе тргнеш било каде, знај добро дека ќе умреш!’ А ти ми одговори тогаш: ‘Добар е зборот што го чув.’

43. Зошто не ја запази Господовата заклетва и заповедта што ти ја дадов?”

44. Уште му рече царот на Симеја: „Ти го знаеш сето зло што си му го сторил на татака ми Давида. Твоето срце е свесно за тоа. Господ нека направи твоето зло да се врати на твојата глава.

45. А царот Соломон е благословен, и Давидовиот престол ќе биде цврст пред Господа довека.”

46. И царот му заповеда на Венаја, синот Јодаев, та тој излезе и го удри Симеја, и така Симеј умре. Така се зацврсти царството во Соломоновата рака.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 2