Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 19:5-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Потоа легна и заспа. Ама ете, ангел го допре и му рече: „Стани и јади.”

6. Тој погледна, кога ете - покрај неговото возглавје: леб печен на камен и врчва со вода. Јадеше и пиеше, па пак легна.

7. Но Господовиот ангел се јави и по вторпат, го допре и рече: „Стани и јади, зашто пред тебе е далечен пат!”

8. Стана, јадеше и пиеше. Закрепнат од таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноќи сè до Божјата Гора Хорив.

9. Таму влезе во една пештера и преноќева во неа. И ете, Господови слова дојдоа кај него: „Што бараш ти тука, Илија?”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 19