Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 19:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го погуби Јуј; а кој ќе избега од Јујиниот меч, него ќе го погуби Елисеј.

18. Но си оставив во Израел седум илјади луѓе, кои не се поклонија пред Ваала, и сите усти, кои не го целиваа.”

19. Тој отиде и на враќање го најде Елисеја, синот Сафатов, како што ора: пред него дванаесет двојки впрегнати волови, самиот беше кај дванаесеттата. Илија помина покрај него и ја фрли на него својата наметка.

20. Тој ги остави воловите, потрча по Илија и рече: „Дозволи ми да ги прегрнам татка си и мајката, па ќе тргнам по тебе.” Илија му одговори: „Оди, врати се, зашто што ти направив?”

21. Тој го остави, зеде двојка волови и ги жртвува. Со воловскиот плуг испече месо, и им го даде на луѓето да јадат. Потоа стана и тргна по Илија за да му служи.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 19