Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 19:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ахав и раскажа на Језавела сè што направи Илија и како ги погуби со меч сите пророци.

2. Тогаш Језавела му испрати гласник на Илија со порака: „Боговите нека ми ги направат сите зла и нека придадат, ако утре во ова време не направам со твојот живот како што направи ти со животот на секој од нив!”

3. Тој се исплаши, стана и отиде за да си го спаси животот. Дојде во Вирсавеа, која е во Јудеја, и таму го отпушти својот момок.

4. А самиот отиде ден одење во пустината; седна таму под смрека, посака да умре и рече: „Веќе ми е доста од сè, Господи! Земи ја мојата душа, зашто не сум подобар од своите татковци.”

5. Потоа легна и заспа. Ама ете, ангел го допре и му рече: „Стани и јади.”

6. Тој погледна, кога ете - покрај неговото возглавје: леб печен на камен и врчва со вода. Јадеше и пиеше, па пак легна.

7. Но Господовиот ангел се јави и по вторпат, го допре и рече: „Стани и јади, зашто пред тебе е далечен пат!”

8. Стана, јадеше и пиеше. Закрепнат од таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноќи сè до Божјата Гора Хорив.

9. Таму влезе во една пештера и преноќева во неа. И ете, Господови слова дојдоа кај него: „Што бараш ти тука, Илија?”

10. Тој одговори: „Ревнував многу за Господа, за Бога над Воинствата, зашто Израелевите синови го напуштија Твојот Завет, ги разурнаа твоите жртвеници и ги погубија со меч Твоите пророци. Останав сам, а тие бараат и мене да ми го земат животот.”

11. Гласот му рече: „Излези и застани во гората пред Господа. Еве Господ тукушто поминува.” Пред Господа беше силен виор, толку силен што ги дробеше брдата и ги кршеше ридовите, но Господ не беше во бурниот виор; по бурниот виор беше земјотрес, ама Господ не беше во земјотресот;

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 19