Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 17:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Господовото слово му беше упатено вака:

3. ”Оди оттука и тргни кон исток, и скриј се при потокот Херит, што е спроти Јордан.

4. Ќе пиеш од потокот, а на гавраните им заповедав да те хранат таму.”

5. Тој отиде и направи според Господовото слово, и се настани при потокот Херит, спроти Јордан.

6. Гавраните му донесуваа леб наутро, а месо навечер; пиеше од потокот.

7. Ама по некое време потокот пресуши, зашто немаше дожд во сета земја.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 17