Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 16:27-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Другата Амриева повест, сè што направил, неговите потфати што ги изведе, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

28. Амриј почина со своите татковци, и го погребаа во Самарија. Неговиот син Ахав стана цар место него.

29. Ахав, синот Амриев, стана израелски цар во триесет и осмата година на Асиното царување со Јудеја, и владееше дваесет и две години над Израел во Самарија.

30. Ахав, синот Амриев, правел во Господовите очи повеќе лошо од сите свои претходници.

31. И му беше малку што одеше во гревовите на Јеровоам, синот Наватов, туку уште се ожени со Језавела, ќерката на Етвала, сидонскиот цар, и почна да му служи на Ваала и да му се клања;

32. подигна жртвеник во Вааловиот храм што го беше изградил во Самарија.

33. Ахав подигна и Ашера и направи и други злодела, и Го налути Господа, Израелевиот Бог, повеќе од сите израелски цареви што беа пред него.

34. Во негово време Хил од Ветил го изгради Ерихон; врз својот првороденец Авирон ги подигна основите, а врз помладиот свој љубимец Сегув ги постави градските врати, според словото на Господа што го кажа преку Својот слуга Исус, синот Навинов.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 16