Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 15:24-33 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Аса почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во градот на Давида, својот прататко. Неговиот син Јосафат се зацари место него.

25. Надав, синот Јеровоамов, стана цар на Израел, во втората година на Асиното царување со Јудеја, и владееше со Израел две години.

26. Правеше зло во очите на Господа. Одеше по патот на својот татко и го поддржуваше неговиот грев на кој го наведуваше Израел.

27. Васа, синот Ахиин, од Исахаровиот дом, се побуни против него и го уби во Гиветон, кој им припаѓаше на Филистејците, и што Надав и сиот Израел го опсадија.

28. Васа го уби во третата година на Асиното царување со Јудеја, и завладеа место него.

29. Кога стана цар, ја погуби сета Јеровоамова куќа и не поштеди никого од Јеровоамовите додека не ги истреби сите според словото што Господ го кажа преку својот слуга Ахиј од Сило.

30. Заради гревовите што ги направи и на кои го наведуваше Израел, и за оскрбувањето со кое го разгневил Господа, Израелевиот Бог.

31. Другата Надавова повест, и сè што направил, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

32. Меѓу Аса и Израелевиот цар Васа владеше војна во сите нивни денови.

33. Во третата година на Асиното царување со Јудеја, Васа, синот Ахиин, стана цар над сиот Израел во Терса, и владееше дваесет и четири години.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 15