Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 11:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Така Соломон им изгради високи места на Хемос, на гадот Моавски, на гората источно од Ерусалим, и на Молох, срамот на Амонците.

8. Тоа го направи за сите свои жени туѓинки, кои што им принесуваа кадеж и жртви на своите богови.

9. Господ се разгневи на Соломона, зашто го сврти своето срце од Господа, Израелевиот Бог, Кој што Му се јави двапати,

10. и Кој што токму тогаш му забрани да ги почитува другите богови, ама тој не ја запази таа заповед.

11. Тогаш Господ му рече на Соломона: „Кога е така со тебе, та не ги пазиш Мојот Завет и наредбите што ти ги дадов, Јас ќе го одземам бездруго од тебе царството, и ќе му го дадам на еден од твоите слуги.

12. Но нема да го направам тоа во твојот живот, заради твојот татко Давид; ќе го земам од рацете на твојот син.

13. Сепак нема да го земам од него сето царство: ќе му оставам едно племе на твојот син, заради Мојот слуга Давид, заради Ерусалим, кого го избрав.”

14. Тогаш Господ му подигна противник на Соломона: Идумеецот Адад, од царската куќа на Едомците,

15. и кога Јоав, војсководачот, отиде да ги погребе убиените и остави да ги погубат сите машки во Идумеја -

16. Јоав и сиот Израел останаа таму шест месеци додека не ги истребија сите машки во Идумеја -

17. Адад избега во Египет со Идумејците, кои беа во служба на неговиот татко. Тогаш Адад беше мало дете.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 11