Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 11:33-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Тоа е затоа, зашто Ме остави и им се поклони на Астарота, божицата на Сидонците, на Хемос, моавскиот бог, и на Мелхом, богот на Амонците, и зашто не оди веќе по Моите патишта; не прави што е право во Моите очи, ниту ги извршува Моите закони и наредби како што го правеше неговиот татко Давид.

34. Ама нема да му го земам сето царство од раката, зашто го поставив за кнез за време на сиот негов живот, заради Својот слуга Давид, кого што го избрав и кој што ги пазеше Моите заповеди и Моите закони.

35. Но ќе го земам царството од рацете на неговиот син, и ќе ти го дадам тебе, односно десет племиња.

36. А на неговиот син ќе му оставам едно племе, за да Мојот слуга Давид има секогаш светилник пред Мене во Ерусалим, во градот што Си го избрав за Себе за да престојува во него Моето Име.

37. Ќе те земам тебе за да царуваш над сè што ќе посакаш и за да бидеш цар над Израел.

38. Ако ги послушаш сите тие заповеди, и ако врвиш по Моите патишта, та ако правиш што е праведно во Моите очи пазејќи ги Моите закони и Моите заповеди, како што го правеше тоа Мојот слуга Давид, тогаш Јас ќе бидам со тебе, и ќе ти изградам траен дом, како што му изградив на Давида, и ќе ти го дадам Израел;

39. ќе ги понижам Давидовите потомци, ама не засекогаш.’”

40. Затоа Соломон бараше да го убие Јеровоама, ама тој побегна во Египет, и остана во Египет до Соломоновата смрт.

41. Другата Соломонова повест, сè што направил, и неговата мудрост, зар не е запишано во книжниот свиток на Соломоновата Повест?

42. А Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години.

43. Тогаш Соломон помина кај своите татковци, и беше погребан во Давидовиот Град, а неговиот син Ровоам се зацари место него.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 11