Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 11:23-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Бог го подигна против Соломона противникот Резон, синот Елијадов, кој што избега од својот господар Ададезер, совскиот цар;

24. Резон собра луѓе околу себе и им стана четоводач кога ги убиваше Давид. Резон го зазеде Дамаск, таму се настани и завладеа со Дамаск.

25. Тој беше Израелев противник за време на Соломоновиот живот. Тоа беше зло што го направи Адад: го мразеше Израел и владееше во Сирија.

26. Јеровоам му беше син на Ефремецот Нават, од Сарида, а мајка му беше вдовицата по име Серуја. Тој беше во Соломонова служба и подигна рака против царот.

27. Еве ја причината на неговата побуна. Соломон го градеше Мило за да ги засипе урнатините во градот на Давида, својот татко.

28. Јеровоам беше добар човек; Соломон забележа како младиот човек се прифаќа за работата, и го постави над сета работа на Јосифовата куќа.

29. Тогаш се случи та Јеровоам отиде од Ерусалим, и на патот го сретна пророкот Ахиј од Сило, наметнат со нова наметка; тие двајцата беа сами во полето.

30. Ахиј ја зеде новата наметка што ја имаше врз себе и ја расцепи на дванаесет делови.

31. И му рече на Јеровоама: „Земи за себе десет делови, зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Еве ќе го истргам царството од Соломоновата рака и тебе ќе ти дадам десет племиња.

32. Тој ќе има едно племе, заради Мојот слуга Давид и заради Ерусалим, градот што го избрав меѓу сите Израелеви племиња.

33. Тоа е затоа, зашто Ме остави и им се поклони на Астарота, божицата на Сидонците, на Хемос, моавскиот бог, и на Мелхом, богот на Амонците, и зашто не оди веќе по Моите патишта; не прави што е право во Моите очи, ниту ги извршува Моите закони и наредби како што го правеше неговиот татко Давид.

34. Ама нема да му го земам сето царство од раката, зашто го поставив за кнез за време на сиот негов живот, заради Својот слуга Давид, кого што го избрав и кој што ги пазеше Моите заповеди и Моите закони.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 11