20. Тахпенесината сестра му го роди синот Генуват, кого Тахпенеса го воспита во царскиот дворец, и Генуват остана во дворецот меѓу фараоновите деца.
21. Кога Адад научи во Египет дека Давид почина кај своите татковци, и дека војсководачот Јоав умрел, му рече на фараонот: „Дозволи ми да си отидам во својата земја!”
22. Фараонот му рече: „Што ти недостига кај мене та сакаш да отидеш во својата земја?” А тој му одговори: „Ништо, ама пушти ме да си одам!”
23. Бог го подигна против Соломона противникот Резон, синот Елијадов, кој што избега од својот господар Ададезер, совскиот цар;
24. Резон собра луѓе околу себе и им стана четоводач кога ги убиваше Давид. Резон го зазеде Дамаск, таму се настани и завладеа со Дамаск.