Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 11:10-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. и Кој што токму тогаш му забрани да ги почитува другите богови, ама тој не ја запази таа заповед.

11. Тогаш Господ му рече на Соломона: „Кога е така со тебе, та не ги пазиш Мојот Завет и наредбите што ти ги дадов, Јас ќе го одземам бездруго од тебе царството, и ќе му го дадам на еден од твоите слуги.

12. Но нема да го направам тоа во твојот живот, заради твојот татко Давид; ќе го земам од рацете на твојот син.

13. Сепак нема да го земам од него сето царство: ќе му оставам едно племе на твојот син, заради Мојот слуга Давид, заради Ерусалим, кого го избрав.”

14. Тогаш Господ му подигна противник на Соломона: Идумеецот Адад, од царската куќа на Едомците,

15. и кога Јоав, војсководачот, отиде да ги погребе убиените и остави да ги погубат сите машки во Идумеја -

16. Јоав и сиот Израел останаа таму шест месеци додека не ги истребија сите машки во Идумеја -

17. Адад избега во Египет со Идумејците, кои беа во служба на неговиот татко. Тогаш Адад беше мало дете.

18. Отидоа од Мадијам и стигнаа во Фаран. Ги поведоа со себе луѓето од Фаран и отидоа во Египет пред фараонот, царот на Египет, кој му даде куќа, му одреди храна и му додели земја.

19. Адад стекна голема милост кај фараонот, кој му ја даде својата сестра за жена, сестрата на големата кнегинка Тахпенеса.

20. Тахпенесината сестра му го роди синот Генуват, кого Тахпенеса го воспита во царскиот дворец, и Генуват остана во дворецот меѓу фараоновите деца.

21. Кога Адад научи во Египет дека Давид почина кај своите татковци, и дека војсководачот Јоав умрел, му рече на фараонот: „Дозволи ми да си отидам во својата земја!”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 11