Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 11:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Царот Соломон - покрај фараоновата ќерка - сакаше многу жени - туѓинки: Моавки, Амонки, Едомки, Сидонки и Хетитки,

2. од сите народи за кои што Господ им рече на Израелците: „Не ќе одите кај нив и тие не ќе идат кај вас; тие навистина ќе ги свртат вашите срца кон своите богови.” Ним им се приклони Соломон со својата љубов.

3. Имаше седум стотини кнежевски жени и три стотини соложници. Неговите жени го заведуваа неговото срце.

4. И кога Соломон остаре, неговите жени му го свртија срцето кон други богови, и неговото срце веќе не Му припаѓаше потполно на Господа како што Му припаѓаше срцето на неговиот татко Давид.

5. Соломон одеше по Астарота, божица на Сидонците, и по Мелхома, срам на Амонците.

6. Правеше она што не беше право во очите на Господа, и не Му се покоруваше сосем на Господа како што Му се покоруваше неговиот татко Давид.

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 11