Стар Завет

Нов Завет

1 Цареви 1:2-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш неговите слуги му рекоа: „Треба да се побара за господарот млада девојка, која ќе стои при царот и ќе му служи: кога ќе спие на неговото крило, тоа ќе го стопли господарот.”

3. И така побараа убава девојка низ сета Израелска Земја; и ја најдоа Сунамката Ависага, та му ја доведоа на царот.

4. Девојката беше вонредно убава; го негуваше царот и му служеше, ама тој не ја позна.

5. Тогаш Адониј, синот Агитин, се возгордеа и помисли: „Јас ќе бидам цар!” Затоа си набави кола и коњаници и педесет луѓе кои одеа пред него.

6. Неговиот татко никогаш во својот живот не го укори ниту го праша некогаш: „Зошто правиш така?” Освен тоа беше со висок раст и убав, а мајката го роди по Авесалома.

7. Тој се договараше со Јоава, синот Серуин, и со свештеникот Авијатар, па двајцата му се приклучија на Адониј.

8. Ама свештеникот Садок и Јодаевиот син Венаја, пророкот Натан, и Симеј и Реј, и Давидовите јунаци, не му пристапија на Адониј.

9. Еднаш Адониј закла овци, волови и згоени телиња за жртва кај Зоелетскиот Камен, близу изворот Рогил, та ги повика сите свои браќа, царевите синови, и сите Јудејци во царева служба;

10. но не го повика пророкот Натан, ни другите јунаци, а ни својот брат Соломон.

11. Тогаш Натан и рече на Витсавеа, на Соломоновата мајка: „Зар не чу дека Адониј, синот Агитин, стана цар, а нашиот господар, Давид за тоа и да не знае?

12. Дојди да те посоветувам како би можела да го спасиш својот живот и животот на својот син Соломон.

13. Ајде, оди кај цар Давида и речи му: ‘Зар ти, господару мој цару, не и се заколна на својата слугинка, велејќи: „Твојот син Соломон ќе царува по мене, и тој ќе седи на мојот престол!” Како сега Адониј стана цар?’

14. И додека ти бидеш таму и разговараш со царот, ќе дојдам јас по тебе и ќе ги потврдам твоите зборови.”

Прочитајте целосна глава 1 Цареви 1