Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 9:4-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. И тие ја поминаа Ефремовата Гора, и ја поминаа земјата Салиса, но не најдоа ништо; ја поминаа земјата Салим, но ослиците не беа таму; ја поминаа и Венијаминовата Земја, но не најдоа ништо.

5. Кога дојдоа во земјата Суф, Саул му рече на слугата кој го придружуваше: „Ајде да се вратиме, за да не се откаже таткото од ослиците и да се загрижи за нас!”

6. А тој му одговори: „Ене, во оној онаму град живее Божји човек; тој е многу угледен човек: што и да каже се збиднува навистина. И така, да отидеме кај него, можеби ќе не упати во она заради што тргнавме на пат.”

7. А Саул му рече на својот слуга: „Ако навистина отидеме онаму што ќе му однесеме на човекот? Снема леб во нашите торби, немаме подарок да му однесеме на Божјиот човек. Што имаме да му дадеме?”

8. А слугата проговори пак и му рече на Саула: „Ете, имам во раката четвртинка сребрен сикал: ќе му го дадам на Божјиот човек, за да нè упати каде да одиме.”

9. (Некогаш во Израел кога би оделе да Го прашаат Бога за совет, се велеше: „Ајде, да појдеме кај видовитиот!” Зашто кого денес го нарекуваат пророк, некогаш беше викан видовит.)

10. Саул му одговори на својот слуга: „Добро велиш. Ајде!” И тргнаа во градот каде што живееше Божјиот човек.

11. Кога се искачуваа по угорништето кон градот, сретнаа девојки кои што излегле да нацрпат вода. И ги прашаа: „Дали е горе видовитиот?”

12. Тие им одговорија вака: „Да, видовитиот е пред вас. Точно стигна во градот, само побрзајте, бидејќи денес народот има жртва на високо место.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 9