Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 9:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време живееше еден човек во Венијаминовото племе по име Кис, син на Авила, син на Серор, син на Вехорат, син Афиев; беше од Венијаминовото племе, виден човек.

2. Имаше син по име Саул, кој беше млад и убав. Меѓу Израелевите синови немаше поубав човек од него: за глава беше повисок од сиот народ.

3. Тогаш на Кис, Сауловиот татко му се загубија ослиците, па Кис му рече на својот син Саул: „Земи со себе еден слуга па стани и оди да ги бараш ослиците!”

4. И тие ја поминаа Ефремовата Гора, и ја поминаа земјата Салиса, но не најдоа ништо; ја поминаа земјата Салим, но ослиците не беа таму; ја поминаа и Венијаминовата Земја, но не најдоа ништо.

5. Кога дојдоа во земјата Суф, Саул му рече на слугата кој го придружуваше: „Ајде да се вратиме, за да не се откаже таткото од ослиците и да се загрижи за нас!”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 9