Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 9:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време живееше еден човек во Венијаминовото племе по име Кис, син на Авила, син на Серор, син на Вехорат, син Афиев; беше од Венијаминовото племе, виден човек.

2. Имаше син по име Саул, кој беше млад и убав. Меѓу Израелевите синови немаше поубав човек од него: за глава беше повисок од сиот народ.

3. Тогаш на Кис, Сауловиот татко му се загубија ослиците, па Кис му рече на својот син Саул: „Земи со себе еден слуга па стани и оди да ги бараш ослиците!”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 9