Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 7:8-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И Израелевите синови го замолија Самоила: „Не прекратувај да викаш за нас кон Господа, кон нашиот Бог, за да нè избави од рацете на Филистејците.”

9. Самоил зеде едно јагне цицалче и Му го принесе на Господа како жртва паленица, и гласно Му се помоли на Господа за Израел, и Господ го послуша.

10. Додека Самоил принесуваше жртва паленица, Филистејците дојдоа за да удрат на Израел, ама во тој ден Господ загрме со силен грмеж на Филистејците и така ги испалши и ги збуни, та му подлегнаа на Израел.

11. Израелските војници излегоа од Миспа и ги спотераа Филистејците, поразувајќи ги сè до Вет Хар.

12. А Самоил зеде еден камен и го постави меѓу Миспа и Сена и го нарече Евен Езер (Камен на Помош), говорејќи: „Господ ни помогна дотука.”

13. Така Филистејците беа понижени, и никогаш веќе не се нафрлија на Израелевата земја, а Господовата рака ги притискаше Филистејците за време на сиот век на Самоила.

14. И градовите што Филистејците ги беа зазеле од Израел му беа вратени нему, од Акарон до Гат, и Израел го ослободи нивното подрачје од филистејски раце. И имаше мир меѓу Израелците и Аморејците.

15. Самоил беше судија во Израел за време на сиот свој век.

16. Секоја година ги обиколуваше Ветил, Галгал и Миспа, и во сите тие места му судеше на Израел.

17. Потоа се враќаше во Рама, зашто таму имаше своја куќа и таму му судеше на Израел. Таму му подигна и жртвеник на Господа.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 7