Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 7:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И градовите што Филистејците ги беа зазеле од Израел му беа вратени нему, од Акарон до Гат, и Израел го ослободи нивното подрачје од филистејски раце. И имаше мир меѓу Израелците и Аморејците.

15. Самоил беше судија во Израел за време на сиот свој век.

16. Секоја година ги обиколуваше Ветил, Галгал и Миспа, и во сите тие места му судеше на Израел.

17. Потоа се враќаше во Рама, зашто таму имаше своја куќа и таму му судеше на Израел. Таму му подигна и жртвеник на Господа.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 7