поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25
  26. 26
  27. 27
  28. 28
  29. 29
  30. 30
  31. 31

Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Филистејците го освоија Божјиот Ковчег, го пренесоа од Евен Езер во Азот.

2. На тоа Филистејците го зедоа Божјиот Ковчег, го внесоа во Дагоновиот храм и го сместија покрај Дагона.

3. Утреден наутро, ете, Дагон лежеше ничкум на земјата пред Господовиот Ковчег. Тие го кренаа Дагона и го ставија на неговото место.

4. Ама кога поранија наутро, ете, Дагон лежеше пак на земјата пред Господовиот Ковчег; Дагоновата глава и двете негови раце лежеа отсечени на прагот: на местото стоеше само Дагоновиот труп.

5. Затоа Дагоновите свештеници и сите кои влегуваат во Дагоновиот храм не стапнуваат со нога на Дагоновиот праг во Азот сè до денешен ден.

6. Тогаш Господовата рака ги притисна тешко жителите на Азот и ги натера во силен страв: ги казни со чиреви, Азот и неговото подрачје.

7. Кога луѓето во Азот видоа што се случи, рекоа: „Ковчегот на Израелевиот Бог не смее да остане кај нас, зашто Неговата рака се испружила против нас и против нашиот бог Дагон.”

8. Тие ги свикаа и ги собраа сите филистејски кнезови кај себе и рекоа: „Што да правиме со Ковчегот на Израелевиот Бог?” А тие одговорија: „Ковчегот на Израелевиот Бог нека биде пренесен во Гат.” И го пренесоа таму Ковчегот на Израелевиот Бог.

9. Ама кога го пренесоа, Господовата рака се спушти на градот и настана силна стравотија: ги удри граѓаните, од најмалите до најголемите така што им се појавија чиреви.

10. Тогаш го испратија Божјиот Ковчег во Акарон, Акаронците повикаа: „Го донесоа Ковчегот на Израелевиот Бог кај нас, за да нè помори нас и сиот наш народ!”

11. Затоа испратија и ги собраа сите филистејски кнезови и рекоа: „Испратете го назад Ковчегот на Израелевиот Бог, нека биде вратен на своето место, за да не нè помори нас и нашиот народ!” Зашто владееше смртен страв во целиот град, толку таму беше притиснала Господовата рака.

12. Луѓето кои не изумреа, беа удрени со чиреви и болниот вик на градот се дигаше до небото.