Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 31:8-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Кога утреден дојдоа Филистејците за да ги ограбат победените, ги најдоа Саула и неговите три сина каде што лежат на гората Гелвуе.

9. Тие му ја отсекоа главата и го симнаа од него оружјето, што го испратија по сета Филистејска Земја, јавувајќи им ја веселата вест на своите идоли и на народот.

10. Потоа го ставија оружјето во Астартиниот храм, а Сауловото мртво тело го приковаа врз ѕидот на градот Вет Сан.

11. Но кога оние во Галадскиот Јавис чуја што направија Филистејците со Саула,

12. станаа сите храбри луѓе и, откако одеа цела ноќ, ги зедоа Сауловото мртво тело и телата на неговите синови од ѕидот на градот Вет Сан, па ги донесоа во Јавис и таму ги изгореа.

13. Потоа ги зедоа нивните коски и ги закопаа под дабот во Јавис, и постеа седум дена.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 31