Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 31:2-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Филистејците ги стигнаа Саула и неговите синови и ги погубија Сауловите синови Јонатана, Авинадава и Мелхи-Сува.

3. Бојот стана пожесток околу Саула. Го изненадија стрелци со лакови, и тој падна тешко ранет од стрелците.

4. Тогаш Саул му рече на својот оруженосец: „Извлечи го својот меч и прободи ме, за да не дојдат тие необрезаници та ме прободат и ми се наругаат.” Ама неговиот штитоносец се исплаши и не сакаше да го направи тоа. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли на него.

5. Кога оруженосецот виде дека Саул умре, се фрли и тој на својот меч и умре со него.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 31