Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 31:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Филистејците завојуваа против Израелците, а Израелците избегаа пред нив и паѓаа убиени по гората Гелвуе.

2. Филистејците ги стигнаа Саула и неговите синови и ги погубија Сауловите синови Јонатана, Авинадава и Мелхи-Сува.

3. Бојот стана пожесток околу Саула. Го изненадија стрелци со лакови, и тој падна тешко ранет од стрелците.

4. Тогаш Саул му рече на својот оруженосец: „Извлечи го својот меч и прободи ме, за да не дојдат тие необрезаници та ме прободат и ми се наругаат.” Ама неговиот штитоносец се исплаши и не сакаше да го направи тоа. Затоа Саул го зеде мечот и се фрли на него.

5. Кога оруженосецот виде дека Саул умре, се фрли и тој на својот меч и умре со него.

6. Така во тој ден загинаа заедно со Саула, неговите три сина, неговиот оруженосец и сите негови луѓе.

7. Кога Израелците, кои беа на другата страна на долината и на другата страна на Јордан, видоа дека Израелевите синови избегаа и дека Саул загина со синовите, ги оставија своите градови та се разбегаа. Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8. Кога утреден дојдоа Филистејците за да ги ограбат победените, ги најдоа Саула и неговите три сина каде што лежат на гората Гелвуе.

9. Тие му ја отсекоа главата и го симнаа од него оружјето, што го испратија по сета Филистејска Земја, јавувајќи им ја веселата вест на своите идоли и на народот.

10. Потоа го ставија оружјето во Астартиниот храм, а Сауловото мртво тело го приковаа врз ѕидот на градот Вет Сан.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 31