Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 3:5-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. И отрча кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!” А Илија рече: „Јас не те повикав. Врати се и спиј!” И тој отиде и легна.

6. И Господ пак го повика: „Самоиле! Самоиле!” Самоил стана, отиде при Илија и му рече: „Еве ме! Ти ме повика!”А Илија одговори: „Јас не те повикав, сине! Врати се и спиј!”

7. Самоил уште не го познаваше Господа, и уште никогаш не му беше објавено Господовото слово.

8. И Господ го повика Самоила по трет пат. Тој стана, отиде кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!” Сега Илија разбра дека Господ го повикувал детенцето.

9. Затоа му рече на Самоила: „Оди и легни; а ако те повика, ти речи: ‘Зборувај, Господи, твојот слуга слуша.’” И Самоил отиде и легна на своето место.

10. И Господ дојде и застана, и викна како порано: „Самоиле! Самоиле!” А Самоил одговори: „Зборувај Твојот слуга Те слуша.”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 3