Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 3:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ти ќе му јавиш дека ја осудувам неговата куќа довека; тој знаеше дека неговите синови го хулат Бога, а не ги воздржа.

14. Затоа му се колнам на Илиевиот дом никакви жртви ни приноси нема да ја исперат вината на Илиевиот дом довека.”

15. Самоил спиеше до утрото, а тогаш ја отвори вратата на Господовиот Дом. Самоил се боеше да му го каже видението на Илија.

16. Но Илија го повика Самоила, говорејќи: „Самоиле, сине!” А тој одговори: „Еве ме!”

17. И тој го праша: „Какво е словото што ти го рече? Не криј ништо од мене! Така да ти направи Бог и да ти додаде друго ако ми скриеш нешто од она што ти рекол.”

18. Самоил му раскажа сè, и ништо не притаи од него. А Илија рече: „Тој е Господ, нека прави како што Му е по волја!”

19. Самоил растеше, а Господ беше со него и не оставаше ниту едно негово слово да падне на земја.

20. Сиот Израел, од Дан до Вирсавеа, созна дека Самоил е поставен за пророк Господов.

21. Господ и натаму се јавуваше во Сило, зашто му се откриваше на Самоила преку словото Господово. И Самоиловото слово се расчу низ сиот Израел.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 3