Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 3:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Младиот Самоил Му служеше на Господа под Илиево надгледување, во она време Господ ретко им зборуваше на луѓето, а виденијата не беа чести.

2. Но еден ден Илија лежеше во својата соба - неговите очи почнаа да слабеат, та веќе не можеше да гледа.

3. Божјиот светилник, уште не беше угаснат, и Самоил спиеше во Господовиот Храм, таму каде што беше Божјиот Ковчег.

4. И Господ го повика: „Самоиле! Самоиле!” А тој одговори: „Еве ме!”

5. И отрча кај Илија и рече: „Еве ме! Ти ме повика!” А Илија рече: „Јас не те повикав. Врати се и спиј!” И тој отиде и легна.

6. И Господ пак го повика: „Самоиле! Самоиле!” Самоил стана, отиде при Илија и му рече: „Еве ме! Ти ме повика!”А Илија одговори: „Јас не те повикав, сине! Врати се и спиј!”

7. Самоил уште не го познаваше Господа, и уште никогаш не му беше објавено Господовото слово.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 3