Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 29:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Филистејците ги собраа сите свои чети во Афек, а Израелците го поставија својот логор кај изворот во Езраел.

2. Филистејските кнезови поминуваа со своите стотини и илјади, а Давид и неговите луѓе одеа сосем на крај со Ахис.

3. Филистејските кнезови прашаа: „Што сакаат тука овие Евреи?” А Ахис им одговори на филистејските кнезови: „Па ова е Давид, слугата на израелскиот цар Саул! Веќе година-две е кај мене, ама не најдов на него ништо сомнително од оној ден кога пребега кај мене па до денешниот ден.”

4. Но филистејските кнезови пламнаа на него и му рекоа: „Испрати го тој човек назад, нека се врати во местото што си му го определил. Нека не иде со нас во бојот, за да не се сврти против нас во бојот! Со што тој пак би му се замилел на својот господар, ако не со главите на овие наши луѓе?

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 29