Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 28:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време Филистејците ги собраа своите чети за војна против Израел. И Ахис му рече на Давида: „Знај дека ќе идеш со мене во војска, ти и твоите луѓе!”

2. А Давид му одговори на Ахиса: „Добро! Сега ќе видиш што ќе направи твојот слуга!” А Ахис му одговори на Давида: „Добро! Затоа ќе те поставам да бидеш мој чувар довека.”

3. Самоил беше умрел, и сиот Израел го оплака тажејќи по него. Го закопаа во неговиот град Рама. А Саул ги беше истерал од земјата сите повикувачи на духови и врачеви.

4. Додека Филистејците се собираа та дојдоа и се влогорија кај Суним, Саул ги собра сите Израелци та се влогори во Гелвуе.

5. Кога Саул го здогледа филистејскиот логор, се исплаши и срцето му затрепери силно.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 28