Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 26:16-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Не е убаво тоа што го направи. Така ми живиот Господ, заслуживте смрт што не го чувавте својот господар, Господовиот помазаник. Погледај сега каде е царевото копје и каде е садот за вода што му беше до возглавјето!”

17. Тогаш Саул го позна Давидовиот глас и праша: „Дали е тоа твојот глас, сине Давиде?” А Давид одговори: „Да, цару господару!”

18. И продолжи: „Зошто мојот господар го гони својот слуга? Што сум сторил? Каква вина е во мојата рака?

19. Затоа сега мојот господар и цар нека удостои да ги сослуша зборовите на својот слуга: Ако Господ те крева против мене, нека биде ублажено со приносница; ако тоа го прават човечките синови, нека бидат проклети пред Господа, зашто ме истераа, така што не можам да имам дел во Господовото наследство, како да ми зборуваа: ‘Оди, служи им на туѓите богови!’

20. Затоа мојата крв нека не падне на земјата далеку од Господовото лице. Зашто Израелевиот цар излезе во лов на мојот живот, како кога некој гони еребица по планината.”

21. Тогаш Саул рече: „Згрешив! Врати ми се, сине Давиде, не ќе ти правам веќе зло, кога мојот живот денес беше толку мил во твоите очи. Да, работев безумно и тешко згрешив!”

22. А Давид одговори: „Еве го царевото копје, нека дојде еден од момците и нека го земе!

23. А Господ ќе му врати секому според неговата правда и според неговата верност: Денес Господ те предаде во мои раце, ама не сакав да кренам рака на Господовиот помазаник.

24. И ете, како што денес твојот живот беше мил во моите очи, така мојот живот нека биде мил во Господовите очи! И Господ нека ме избави од секоја неволја!”

25. А Саул му викна на Давида: „Биди ми благословен, сине Давиде! Бездруго ќе го извршиш своето дело и ќе успееш!” Потоа Давид си отиде по својот пат, а Саул се врати во своето место.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 26