Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 26:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Да не ми даде Господ да кренам рака на Господовиот помазаник! Туку земи ги сега копјето што му е кај возглавјето и садот за вода, па да си одиме!”

12. И Давид ги зеде копјето и садот за вода што беа кај Сауловото возглавје, и тие си отидоа: никој ништо не виде ни забележа, никој не се разбуди, туку сите спиеја, зашто врз нив падна длабок сон од Господа.

13. Давид помина на другата страна и застана на врвот на гората на некоја далечина, така што меѓу нив беше големо пространство.

14. Тогаш им викна на војската и на Авенир, синот Ниров, вака: „Зар не ќе се одѕвиеш Авенире?” А Авенир се одѕва и праша: „Кој си ти што го вознемируваш царот?”

15. А Давид му одговори на Авенира: „Не си ли ти јунак? И кој ти е рамен во Израел? Па зошто тогаш не го чуваше царот, својот господар? Еден од воините слезе до вас за да го убие царот, твојот господар.

16. Не е убаво тоа што го направи. Така ми живиот Господ, заслуживте смрт што не го чувавте својот господар, Господовиот помазаник. Погледај сега каде е царевото копје и каде е садот за вода што му беше до возглавјето!”

17. Тогаш Саул го позна Давидовиот глас и праша: „Дали е тоа твојот глас, сине Давиде?” А Давид одговори: „Да, цару господару!”

18. И продолжи: „Зошто мојот господар го гони својот слуга? Што сум сторил? Каква вина е во мојата рака?

19. Затоа сега мојот господар и цар нека удостои да ги сослуша зборовите на својот слуга: Ако Господ те крева против мене, нека биде ублажено со приносница; ако тоа го прават човечките синови, нека бидат проклети пред Господа, зашто ме истераа, така што не можам да имам дел во Господовото наследство, како да ми зборуваа: ‘Оди, служи им на туѓите богови!’

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 26