Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 26:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Луѓето од Зиф дојдоа кај Саула и му јавија: „Давид се крие во Ехелското Брдо, спроти Гесимон.”

2. Тогаш Саул тргна на пат и слезе во пустината Зиф, а со него три илјади избрани Израелпци, за да го бара Давида во пустината Зиф.

3. Саул се влогори во подножјето на Ехелското Брдо, што е спроти Гесимон, покрај патот. Давид, кој престојуваше во пустината, забележа дека Саул дојде онаму за да го гони.

4. Затоа Давид испрати согледувачи и научи дека Саул навистина дошол.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 26