Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 25:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Ноќе и дење ни беа како тврдина за сето време додека бевме со нив пасејќи ги стадата.

17. Размисли сега и види што ќе направиш, зашто е готова погибелта на нашиот господар и на сиот негов дом; а тој е опак човек кому не може ништо да му се рече.”

18. Авигеја зеде бргу двеста лебови, два мевови со вино, пет зготвени овци, пет мерки пржено жито, сто гроздови суво грозје, двеста смоквини колачиња, и го натовари сè тоа на ослици.

19. И им заповеда на своите слуги: „Тргнете пред мене, а јас ќе идам по вас.” Ништо не му кажа на својот маж Навал.

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 25