Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 23:21-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. А Саул одговори: „Господ да ве благослови дека ме сожаливте!

22. И така, одете, распрашајте се уште и извидете го добро местото каде ќе го донесат неговите итри чекори; ми рекоа дека е многу лукав.

23. Затоа пребарајте ги сите дупки во кои што се завлекува, па вратете се кај мене кога ќе знаете подетално. Тогаш јас ќе тргнам со вас, па ако биде некаде во земјата, ќе одам по неговите траги низ сите Јудини родови.”

24. Тогаш тргнаа на пат и отидоа во Зиф, пред Саула. Давид со своите луѓе беше во пустината Маон во Араба, јужно од Гесимон.

25. Потоа и Саул тргна со своите луѓе, за да го бара Давида. Кога му го јавија тоа на Давида, тој слезе во клисурата што лежи во пустината Маон. Саул го научи тоа и тргна во потера по Давида во пустината Маон.

26. Саул одеше на едната страна од планината, а Давид со своите луѓе по другата страна на планината. Давид мошне иташе за да му избега на Саула. Кога Саул со своите луѓе сакаше да премине на другата страна за да ги опколи Давида и неговите луѓе и за да ги фати,

27. дојде гласник кај Саула со порака: „Дојди побрзо, Филистејците навлегоа во земјата!”

28. Тогаш Саул се одрече од потерата по Давида и се заврте против Филистејците. Затоа она место беше наречено: Села-Амалекот (Клисура на Разминувањето).

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 23