Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 21:9-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А свештеникот му одговори: „Тука е мечот на Филистеецот Голијат, на оној кого што го уби во Илинската Долина; завиткан е во плаштеница и е положен зад наплеќникот; ако сакаш да го земеш, само земи го, зашто друг освен него нема тука.” А Давид одговори: „Таков веќе нема, дај ми го!”

10. Потоа Давид стана и избега во оној ден далеку од Саула, и дојде кај Ахис, царот на Гат.

11. А Ахисовите дворјани му рекоа на својот цар: „Не е ли тоа Давид, царот на земјата? Тоа е оној за кого пееја, играјќи: ‘Саул порази илјади, Давид десетици илјади.’”

12. Давид се замисли за тие зборови и многу се исплаши од гатскиот цар Ахис.

13. Тогаш Давид почна да се преправа пред нив како да е умоболен и се владееше како безумник во нивните раце: тропаше по вратите и оставаше да му тече лига низ брадата.

14. Тогаш Ахис им рече на своите дворјани: „Гледате добро дека човекот е безумник! Зошто го доведувате кај мене?

15. Зар немам доста безумници та ми го доведувате овој, за да ми додева со своето лудило? Зар тој ќе влезе во мојата куќа?”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 21