Стар Завет

Нов Завет

1 Самоилова 21:9-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. А свештеникот му одговори: „Тука е мечот на Филистеецот Голијат, на оној кого што го уби во Илинската Долина; завиткан е во плаштеница и е положен зад наплеќникот; ако сакаш да го земеш, само земи го, зашто друг освен него нема тука.” А Давид одговори: „Таков веќе нема, дај ми го!”

10. Потоа Давид стана и избега во оној ден далеку од Саула, и дојде кај Ахис, царот на Гат.

11. А Ахисовите дворјани му рекоа на својот цар: „Не е ли тоа Давид, царот на земјата? Тоа е оној за кого пееја, играјќи: ‘Саул порази илјади, Давид десетици илјади.’”

Прочитајте целосна глава 1 Самоилова 21